Целосно завршена санацијата на покривот на ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром

Од:

Завршија активностите за целосна санација на покривот на ООУ „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче. Со оваа санација е отстранет салонитот од кровната конструкција и се замени со челичен пластифициран лим со дебелина од 0,5 милиметри, на кои се поставени и снегобрани, информираат од Општина Аеродром.

Санацијата беше реализирана во рамките на проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и реконструкција на средни и основни училишта во Македонија“ што го спроведува Министерството за образование и наука.

Истовремено, како што додаваат од Општина Аеродром, во училиштето е извршена промена на 30 внатрешни врати на училниците и помошните простории.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени