Цeлосно реконструирани и поплочени улиците во Бардовци

Од:

Локалната самоуправа во населеното место Бардовци поплочува деветнаесет улици, со вкупна должина од 1.800 метри, изјави денеска градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Тој посочи дека инвестицијата е со вкупна вредност од 8,1 милион денари, финансиски средства одвоени од буџетот на локалната самоуправа. До крајот на мандатот, истакна тој, ќе бидат поплочени улиците: 10, 12, 14, 16, 18 и 19, а изведувач на оваа инвестиција е фирмата „ Агроселце“.

– Со поплочувањето и со асфалтирањето на улиците, населбата Бардовци ќе биде целосно урбанизирано населено место. Граѓаните кои живеат во овој дел на општината Карпош, исто така ќе имаат решени инфраструктурни услови за живеење, токму онака како што имаат жителите на Тафталиџе, Влае, Карпош 3, 4 и сите останати урбани заедници кои се наоѓаат на територија Карпош, рече Јакимовски.

Додаде дека во изминатите четири години биле изградени над 50 фасади, заменети голем број на покриви и лифтови, изградени детски паркови, плоштади, заменета и поставена над осумдесет километарска фекална и атмосферска канализација, целосно реконструирани детските градинки и основни училишта кои се наоѓаат на територијата на општината и дека сето тоа е резултат на постојаниот ангажман на општинските служби.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција