А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Целосно нова инфраструктура во Реонски центар во општина Аеродром

by А1он16/08/2013 - 13:09166
Share0

Населбата Реонски центар во општина Аеродром до почетокот на следната година ќе добие целосно нова инфраструктура. Со 70 милиони денари од општинската каса, ќе се поврзат сите објекти во населбата, ќе се изградат нови улици со тротоари во должина од 1,5 километри и околу 1.000 паркинг места и ќе се обезбеди уште еден излез на булеварот „Видое Смилевски – Бато“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Општина Аеродором по денешната посета на локацијата каде стартуваа градежните работи истакнаа дека новата инфраструктура значително ќе го подобри животот на станарите од населбата.

– Пред неколку години тука немаше никаква градба, беше мочурливо земјиште. Пристапивме кон изградба на детален урбанистички план, тука се изградија станови за млади брачни парови, кои беа доделени по електронски пат. Како Министерство за транспорт и врски во соработка со општината продадовме неколку локации за изградба на станбени објекти со деловен простор и ова е последен чекор за целосно завршување на овој кварт во Аеродром. Тоа беше едно од главните барања на станарите за подобрување на инфраструктурата и за дополнителен пристап на булеварот „Видео Смилевски Бато“, изјави Јанакиески.

Со реализација на овој проект, според градоначалникот Коневски, жителите на Реонски центар ќе ја добијат потребаната инфраструктура. Истовремено ќе биде решен проблемот со сообраќајните гужви заради едниот излез што го имаат од оваа населба. Сега ќе добијат уште еден излез на булеварот, рече Конески.

Следете a1on на Youtube YouTube
aerodrom

Би можело да ве интересира

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Горан Наумовски27/08/2026 - 13:32

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

Горан Наумовски25/08/2026 - 20:59

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он02/08/2026 - 19:35

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски10/07/2026 - 14:1710/07/2026 - 14:21

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски07/07/2026 - 14:4807/07/2026 - 16:37

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски21/06/2026 - 14:0921/06/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео