А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Целосно изгаснат пожарот во објектот во Мислешево

by А1он13/09/2015 - 10:57109
Share0

Еден час по полноќ целосно е изгаснат пожарот што вчера околу 18 часот избувна во деловен објект во струшкото село Мислешево.

Добивај вести на вибер

Началникот на Територијалната противпожарна единица во Струга Минир Мамуди во изјава за МИА информира дека на терен интервенирале девет возила.

Тој појасни дека струшката пожарна испратила четири противпожарни возила, но поради интензитетот на пожарот, побарале помош од охридските колеги од каде дошле уште четири возила и една екипа од Охридскиот аеродром. Во гаснењето на пожарот учествувале 18 пожарникари од Струшката пожарна, осум од Охридската и екипа со тројца аеродромски пожарникари.

– Со заеднички напори на струшките пожарникари, нашите колеги од Охрид и од Аеродромот успеавме во 22 часот да го локализираме пожарот, изјави Мамуди.

За среќа, нагласи тој, нема човечки жртви, а брзата интервенција на пожарникарите не дозволила огнот да се прошири на околните објекти.

– По целосното гаснење во 1 часот по полноќ, влеговме во објектот со стручна опрема го исчистивме од жаришта и на секој час наши екипи правеа контрола, рече Мамуди.

Опожарен бил салон за мебел полн со синтетичка стока, дрвен и друг запаллив материјал. Висината на штетата допрва ќе се проценува.

pozar

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски04/04/2026 - 14:1004/04/2026 - 14:10

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он28/03/2026 - 10:2428/03/2026 - 10:42

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто