Целосна блокада на „Евзони“ за влез во Грција

Од:

Важно предупредување за сите кои вечерва патуваат кон јужниот сосед.

Од 18:40 часот, граничниот премин Евзони (од грчка страна, спроти ГП Богородица) е ставен под блокада – рампата е спуштена од 18:40 часот

ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА: Преминот е целосно блокиран за сите видови сообраќај. Ниту патнички возила, ниту автобуси, ниту камиони не можат да влезат во Грција.

ИЗЛЕЗ ОД ГРЦИЈА: Излезот (влез во Македонија) во моментов работи, но само за Тешки Моторни Возила (ТМВ).

Се препорачува на граѓаните да го избегнуваат овој граничен премин и доколку мораат да патуваат, да се пренасочат кон ГП Дојран или ГП Меџитлија, додека не се нормализира состојбата.

Би можело да ве интересира

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

АМСМ: Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони

А1он

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Богородица-Евзони под блокада до вечер до 22 часот