Целосен прекин на сообраќајот на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов”

Од:

На булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со улица „Франклин Рузвелт“ до поранешната фабрика Алумина, се вршат градежни активности поради што денеска и утре ќе има целосен прекин на сообраќајот.

Како што соопшти Град Скопје, сообраќајот ќе биде пренасочен и кон Ѓорче Петров по улицата „Франклин Рузвелт“, булевар „Партизански одреди“ и улица „Московска“, а во обратна насока кон Центар ќе биде пренасочен по улицата „Московска“, булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“.

И автобусите на јавниот градски превоз со број „5“ ќе ја користат посочената траса.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан