Целодневна хуманитарна забава за роденденот на општина Аеродром

Од:

Општина Аеродром роденденот ќе го прослави во сабота во паркот со авоин со целодневна забава за граѓаните од сите возрасти.

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, на денешната прес-конференција посочи дека роденденската забава има хуманитарен карактер и оти во соработка со Црвениот крст се собираат средства за социјално загрозени семејства на територија на Општина Аеродром.

– Сите кои сакаат да им помогнат на социјално загрозени семејства од општина Аеродром, можат на донираат на жиро-сметката на Црвен Крст на Република Македонија – ‎‎‎‎‎300000000206646 Комерцијална банка или да ги доделат на лице место на настанот во специјалните кутии за донации, рече Марин.

Општината на настанот ќе промовира и социјално претприемништво.

– За таа цел, здруженија од општина Аеродром што работат со ранливи категории Лице в лице, Солем, Во мојот свет и Порака ќе ги претставуваат своите производи на повеќе локации во паркот, посочи градоначалникот на Аеродром.

Програмата ќе почне од 12:00 часот со настап на децата од детските градинки и основните училишта со ритмички точки, балет, хип-хоп настапи, драматургија, соло пеење со флејта и народни ора, на кои ќе им се придружат магионичар и улични забавувачи.

Во рамки на организацијата ќе има три натпревари во кои учествуваат сите основни училишта. Ќе се доделуваат награди за најдобар кошаркар, најдобар ликовен уметник и поет.

Во вечерниот дел, кој ќе трае до полноќ, забавата ќе ја збогатат професионални бендови и изведувачи од Аеродром со концерти на квартетот на Македонската опера и балет, Марко Кума и Црни, Бени со Нон Стоп и Златко Ориѓански и ќе заврши со журка со музика по избор на Драган Б. Костиќ.

Водител на програмата на роденденската забава на Општина Аеродром упати ќе биде Нора Шаќири.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

Германската полиција уапси Хрват поради дрон над аеродромот

Тревога во Германија: Аеродромот во Минхен итно затворен поради дронови

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски