Цело семејство загина во тешка сообраќајна несреќа

Од:

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево – Битола, кај селото Белица попладнето по 13 часот.

При судир на два авотмобила, загинало цело семејство – татко , мајка и нивниот син, кои се презувале со возило „Фолсваген поло“ со кичевски регистерски таблички, потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во другиот автомобил – „Mерцедес“ со прилепски регистерски таблички тешко е повреден 31-годишниот возач. Со полесни повреди завршила неговата една година помлада сопруга.

На лице место увид прави јавен обвинител и полицијата. Се утврдуваат идентитетите на загинатите. Патот е целосно во прекин во двата правца.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он