Целиот текст на предлогот на опозицијата за медиумите

Од:

Предлогот на опозицијата за регулирање на медиумите ВМРО-ДПМНЕ го одби како фрапантно лош закон, кои сметаат дека постоечкиот закон е добра основа за регулација на медиумите, а подготвени се да понудат да ги пресликаат законите од земјите од ЕУ кои ја уредуваат оваа сфера. Европскиот олеснувач Питер Ванхауте пак смета дека не е добра идејата да се копира од европските земји и да се земаат закони од нив затоа што во Македонија има различен правен систем, друг устав, друг менталитет.

Опозицијата соопшти дека не отстапува од законското решение кое го понудија и дека е тоа црвената линија.

Тие предлагаат Собранието да ги именува членовите на Советот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги врз основа на претходно спроведен јавен конкурс и организирана јавна расправа за кандидатите за членови на Советот.

Како предлагачи на членови на Советот, опозицијата предлага да бидат:

две невладини организации кои се активни подолго од пет години во областа на унапредувањето на човековите права, медиумските слободи и демократските вредности и кои постигнале релевантни резултати во областа во која дејствуваат предлагаат по еден член, ЗНМ и МАН предлагаат по еден член, Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници предлага еден член, две високо-образовни установи кои имаат студиски програми од областа на комуникологијата, новинарството, културата, економијата, правото или друга слична област што е од значење за остварувањето на надлежностите на Советот предлагаат по еден член.

Според предлогот на опозицијата Советот избира директор на Агенцијата по пат на јавен конкурс. Кандидатот мора да биде со високо образование и работно искуство над осум години во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото, како и искуство во раководење со оганизација од најмалку 3 години.

Според предлогот на опозицијата, Радиодифузерите кои емитуваат вести и дневно-информативни програми се должни во нив да обезбедат непристрасно, правично и избалансирано претставување на различните политички и идеолошки гледишта.

-При известувањето за прашањата кои се предмет на дебата меѓу политичките субјекти или пошироко во општеството во вестите и дневно-информативните програми мора да им се даде адекватна тежина на што повеќе различни и/или спротивставени гледишта, како во секое поединечно издание така и во низа последователни изданија на вестите.

Во вестите и дневно-информативните програми не смее прекумерно да се нагласуваат гледиштата и мислењата на една конкретна личност, институција или организација.

Прекумерно нагласување на едно конкретно гледиште значи дека тоа гледиште е временски значително повеќе застапено во вестите отколку другите гледишта за тоа исто прашање и дека новинарскиот пристап во презентирањето на тоа гледиште е фаворизирачки.

Презентерите на вести и новинарите, во вестите и дневно-информативните програми не смеат да изразуваат нивни лични гледишта.

Гледиштата и фактите не смеат да бидат погрешно претставени.

МРТ според предлогот на опозицијата треба да се финансира од средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија во висина од 0.7 % од Буџетот во тековната година. Дополнителен извор на средства на МРТ се и средствата остварени од донации, продажба на програма и услуги.

Во продолжение следува интегралниот текст со предлозите на опозицијата за регулирање на медиумската сфера.page01 page02 page03 page04 page05 page06 page07 page08 page09 page91 page92 page93

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on