Извештајот на Џон Аран од експертската група на ИФЕС направен по барање на Државната изборна комисија гласи дека избори на 5 јуни се невозможни. Образложението е дека не може до тој датум да се направи детална проверка на Избирачкиот список. Следува интегралниот текст на извештајот:
Вкупно 197,043 потенцијално непрецизни записи во избирачкиот список беа првично идентификувани преку прашањата за вкрстена проверка на податоците од националните институции, и 124,072 дополнително идентификувани со прашањето 16, за кои ДИК подоцна се одлучи да постапува (од кои мал процент беа исто така вклучени во првичните бројки.)ДИК одлучи да бара дополнителни информации за да се помогне да се определи дали сите овие записи се записи за избирачи со право на глас. Кај 87,352 од овие случаи, беа побарани дополнителни прашања по пат на прашалници кои ги спроведе ДИК и кои беа пополнети по пат на посети од врата на врата.
Прашалниците беа пополнети и податоците беа внесени во најкус можен период и притоа постоеше недоволна обученост на анкетарите и лицата задолжени за внес на податоците во рамки на процесот. Оттаму информациите се добиваа и внесуваа набрзина и не секогаш со највисок квалитет, особено во однос на одговорите по некои од прашањата, бидејќи одговорите на тие прашања честопати беа спротивни на подеталните (а со тоа и поверодостојни) информации дадени подоцна. Сепак, беа добиени одредени корисни информации и истите може да се сметаат за генерално веродостојни.
Од статистички аспект, информациите на кои можеме да се потпреме и да дадат прецизни и корисни бројки се од прашањата 2, 6 и 7.
Прашањето 2 ги дава категоричните причини зошто не бил најден испитаникот, и тоа е одговорено во 40,468 случаи. Иако овие категорични одговори даваат корисни информации во однос на статусот на идентификуваните гласачи, кажаното од трето лице јасно е дека не е доволно за да се потврди или прогласи за неважечки било кој запис за гласач, и за сите од овие случаи ќе бидат неопходни дополнителни информации пред да се направи заклучната определба.
Со Прашањата6 и 7 од испитаникот се бара да покаже или важечка лична карта или важечка патна исправа. Доколку еден од овие лични документи е покажан лично (наспроти деталите дадени во отсуство на испитаникот) тогаш јасно е дека регистрацијата на тој гласач повеќе не треба да се смета за дискутабилна.Тоа е случај кога даден е одговор “Да” или на прашањето 6 или 7, а тоа беше случај кај 34,108 испитаници.
Во случаите освен оние наведени погоре, не може да се извлечат значителни заклучоци од анализата на податоци од другите прашања. Тоа значи дека покрај 40,468 записи за кои одредено првично укажување било добиено од трето лице, прашалникот беше неефективен во обезбедувањето корисни информации за останатите12,776 записи.
Покрај теренската проверка, единствениот друг начин да се побараат дополнителни информации за валидноста на записите за гласачите е да се побараат дополнителни информации од други институции. Имајќи предвид дека сеопфатните електронски податоци од МВР и многу други институции веќе беа земени предвид при идентификувањето на дискутабилните записи за време на вкрстените проверки, неверојатно е дека многу од тие дополнителни информации може да се добијат без институциите да ги проверуваат хартиените евиденции или да вршат друга рачна проверка. Особено што барањата до МВР да ги потврдат веќе добиените информации и кои веќе се користени во вкрстените проверки, нема да даде дополнителни информации и не додава никаква увереност за валидноста на записите кои се разгледуваат. Според сознанијата, МВР може темелно и конечно да ги истражи секое од идентификуваните проблеми, но законскиот процес за тоа ќе одземе одредено време и нема да биде возможен пред изборите на 5 јуни.
Останатите институции од кои беа побарани податоци за да се разрешат дискутабилните записи за гласачи се Управата за водење матични книги и Државниот завод за статистика. УВМК потврди дека 3124 лица се починати од унијата на П1 и П2, и дополнителни лица од останатите прашања.Јасно е дека секое лице кое е потврдено од страна на УВМК како починато треба да се евидентира како починато во податоците на МВР и треба да се избрише од избирачкиот список.Од податоците испратени до ДЗС, заводот потврди дека2,245 лица се починати(некои од нив може да се преклопуваат со оние кои се потврдени како починати од страна на УВМК од другите прашања) и 746 лица кои немаат право на глас заради одземена деловна способност. Исто така, се чини разумно да се отстранат од избирачкиот список тие лица и за тоа да се информира МВР. Покрај тоа, 3,117 записи беа пријавени од ДЗС дека се дадени без адреса во Македонија, а по тоа треба да постапува МВР.