А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Цела ноќ местото на несреќата го обезбедувала полиција

by А1он14/02/2019 - 10:2414/02/2019 - 11:55448
Share0

Утрово во 8.30 минути продолжи увидот на јавен обвинтел од скопското јавно обвинителство на местото на несреќата на патот Скопје – Тетово, кај местото Ласкарци, потврди шефот на Обвинителството за „А1он“, Сашо Рајчев.

Добивај вести на вибер

Доцна синоќа до 22 часот траел увидот на екипа од Обвинителството, а местото цела ноќ го обезбедувала полицијата. „Цела ноќ местото го обезбедуваше МВР, а преку ден се собираат сите потребни и релевантни докази за истрагата“, рече Рајчев кој го координира увидот на обвинителството на самото место.

Шефот на скопското обвинителство рече дека сè уште ги очекуваат податоците од наредбата за испитување на крвта и урината на шоферот на автобусот. Официјално досега во сообраќајната несреќа загинаа 14 лица, уште неколкумина се борат за живот во болниците во Скопје.

Несреќата се случи вчера попладне кога автобусот на „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски таблички преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел.

Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на починатите лица, како и за вонреден технички преглед на возилото.

Васко Маглешов

soobrakajka

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:04

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски16/02/2026 - 11:1516/02/2026 - 14:58

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он14/02/2026 - 08:3614/02/2026 - 08:46

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:3807/02/2026 - 12:39

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

Горан Наумовски04/02/2026 - 16:42

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски27/01/2026 - 15:0127/01/2026 - 19:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен