Цеков: Ако државата сака домашна храна треба да го поддржи македонскиот земјоделец

Од:

Пратеничката група на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија во Собранието поднела Предлог-закон во кој се бара измена на членот 51 во Законот за Додадена вредност односно зголемување на прагот за регистрација на ДДВ за регистрираните индивидуални земјоделци да се зголеми од 2 на 4 милиони денари.

Како што појасни на денешната прес-конференција пратеникот од ЗНАМ Миле Цеков, целта на оваа измена е директен одговор на реалниот живот на македонскиот земјоделец, во кој има зголемени трошоци за производство, зголемени цени на репроматеријални, како што е горивото, зголемени цени на ѓубрива, а и цената на финалниот производ е зголемена.

Со оваа измена, потенцираше пратеникот Цеков, не бараме ослободување од данок, туку се работи за само зголемен праг на 4 милиони денари прилагоден на реалната фактичка состојба. Уште еднаш повтори дека целта е и да се намали сивата економија, да се поттикне формалното прозводство и да се почитува трудот на земјоделецот.

– Сето тоа придонесува законскиот праг од 2 милиони денари да го надминат уште во првите четири-пет месеци во годината. И потоа тие продаваат на рака односно во кеш или преку сметки на други лица, со што практично ја поттикнвуаат сивата економија бидејќи ако го надминат прагот од 2 милиони денари тие би морале да станат даночни обврзници или правни субјекти, а со тоа ќе станат правни субјекти со трошоци за книговодство, пријави, завршни сметки и други дополнителни трошоци, нагласи Цеков.

Тој додаде дека тие, како што наведе, се мачат да опстанат и на тој начин ги туркаме кон сивата економија.

Пратеничката група на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија ги повикува сите политички партии да ја поддржат оваа зкаонска измена што е во полза на „човекот кој работи“.

Цеков потсети дека Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија во својата програма го вети моделот „Македонија самоодржлива земја со стимул на домашното прозиводство на храна“.

– Ако државата сака домашна храна треба да го поддржи македонскиот земјоделец затоа што се повеќе увезуваме храна, рече на прес – конференцијата пратеникот Цеков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Центар и центарци знаат што е вистинска вредност

(ВИДЕО) Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

ЗНАМ: Спортот во Куманово не е само рекреација, туку и начин на живот и симбол на заедништво

ЗНАМ: Куманово – град каде квалитетното образование е право, а не привилегија