Царовска: Се засилува соработката на инспекторатите со граѓанските организации за поголема заштита на правата на работниците и граѓаните

Од:

Заменик-претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денеска одржаа координативен состанок со директорите на трудовиот и транспортниот инспекторат, Алајдин Хавзиу и Руфат Хусеини, претседателката на Советот на инспектори, Магдалена Филиповска Грашкоска, и со преставници на Сојузот на синдикати на Македонија, „Гласен текстилец“, „Хелсиншки комитет“, „ХЕРА“, „ФООМ“, „Платформата за борба против сиромаштија“, „Мрежата против насилство врз жените“ и УНДП.

На состанокот преку апликацијата „ZOOM“ се дискутирало за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на заштита на работничките права, инспекциските надзори, почитувањето на протоколите од страна на работниците и компаниите и можностите за користење  државна помош во случај на губење  работа. Исто така, беше најавена зголемена директна соработка помеѓу граѓанските организации и инспекторатите во пријавувањето на случаи на прекршување на работничките и граѓанските права.

Вицепремиерката Царовска истакна дека Владата вложува максимални напори да направи баланс во заштитата на работниците и бизнисот, односно никој да не е губитник во оваа криза.

Царовска ги повика инспекторите на засилени контроли и одговорно постапување за сите преставки коишто стигнуваат до нив, а се однесуваат на кршење на владините мерки и препораки кои изминатиот период беа донесени со цел да се заштити населението од ширењето на коронавирусот.

Координацијата помеѓу инспекторатите, граѓанските организации и Владата ќе продолжи и во наредниот период со цел да се обезбедат две основни функции, заштита на правата на граѓаните и целосно почитување на донесените владини одлуки.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито