Царовска: Да ги видиме Спасов и Груевски да живеат со по 2.831 денар социјална помош месечно!

Од:

Денеска сме во посета на семејства кои се социјално загрозени. Видовме дека половина од Македонија, 43.2 процента и тоа според Државниот Завод за статистика, којшто е контролиран од ВМРО-ДПМНЕ, тоне во тешка сиромаштија и социјална исклученост, а ВМРО-ДПМНЕ уште се фали со зголемување на социјалната парична помош за 5%, вели Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Безобразно од криминално корупциската власт којашто се збогати до рајските земји да им ветува на граѓаните зголемување од 100 денари!

Дури и со покачувањето, социјалната парична помош ќе изнесува 2.831 денар!
Министерот Диме Спасов, којшто верно и служи на оваа криминална власт излажа и кажа дека социјалната парична помош изнесува 4.700 денари.

Наместо да му е срам да ги погледне овие граѓани и овие деца во очи кои со 2.831 денар не можат леб да си купат во текот на месецот, а каде се другите потреби и сметките, тој уште ги убедува дека треба да се среќни дека во изминатите години социјалната помош се зголемила за 60%. Денеска наместо да промовира други зголемувања на парични давања, убаво би било да објасни на која основица го пресметал т.н. покачување. Бидејки во 2010 социјалната парична помош изнесувала 2.140 и до денеска е зголемена само 700 денари. Тоа секако не е 60% зголемување. А само струјата на пример, во време на владеењето на Груевски е поскапа за речиси 100%, да не зборуваме за другите намирници.

Одлично би било доколку Диме Спасов и Никола Груевски се обидат само еден месец да живеат со 2.831 денар и после да излезат и да зборуваат за нивните покачувања од 5% и 10%.
Социјалната парична помош, за да може да ја врши улогата за којашто е наменета, треба да изнесува 6.000 денари за поединец или 12.000 за четиричлено семејство. Тоа го немаме во моментов.

Ние ветуваме дека примателите на социјална парична помош ќе живеат достоинствено и ќе може да си ги обебзедат основните потреби за пристоен живот.
За тоа се бориме и тоа ќе го постигнеме!

П: Според Државниот завод за статистика, речиси половина од граѓаните во Македонија се изложени на сиромаштија, на тој ризик, кои политики би можеле да ја променат оваа состојба?

-Првично е ревизија кој се прима социјална парична помош. Потоа правење систем, сите оние граѓани кои живеат и во ризик од сиромаштија да се поддржат финансиски, зашто која и политика да ја правиме, ако не вложиме, ако не инвестираме пари во социјалната политика и во социјалните трансфери, овие граѓани не можете вие одеднаш да ги направите работоспособни и одеднаш да ги пуштите со CV-ја и со интервјуа на работа. Она што велат Македонија вработува, активни политики за вработување – овие деца мора и да одат на училиште затоа што генерираме транс генерациски пренос на сиромаштија. Еве јас тука разбрав дека ниедно речиси од децата не оди на училиште, неколку одат во вечерно. Што со тие деца, размислува некој? Социјалната политика е широк спектар, не е само социјална парична помош, туку и вложување во идните генерации и секако минимум обезбедување на овие луѓе за егзистенција, тоа значи мораат да имаат леб, вода, струја, мора да имаат лекови, што во моментов ги немаат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски