Царинската управа и штипскиот универзитет потпишаа меморандум

Од:

Ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Блажо Боев и директорот на Царинска управа на Македонија, Ѓоко Танаскоски денеска потпишаа меморандум за соработка, во делот на праксата за студентите и научно-истражувачката работа.

– Со овој меморандум ќе овозможиме на студентите да имаат практична настава во Царинската управа и секако она што е и за нас сметаме дека ќе биде добивка, а тоа е научно–итсражувачка дејност во рамки на царинското и акцизното законодавство, вели Танаскоски.

Ректорот на УГД-Штип, Боев истакна дека оваа е одлична прилика за студентите, на кои им е потребна практична настава.

– Се надевам дека оваа соработка ќе има успех во иднината која доаѓа и мислам дека студентите од неа ќе имаат добри резултати во нивната практична оспособеност, за да можат утре, како готови кадри активно да се вклучат во работењето на јавните органи на државата, вели Боев.

Директорот на Цраинската управа, Танскоски одржа и предавање и ги започна студентите на Економскиот факултет во Штип со работата и ингеренциите на ова институција.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он