Царинска управа: Запленети пури и тутун за пушење во вредност од над еден милион денари

Од:

Инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа во две посебни истраги спроведени на 18 и 19 мај годинава, запленија 200 парчиња луксузни пури и 220 килограми тутун во вкупна вредност од 1.200.000 денари.

Со ова е спречен обид на пуштање во слободен промет на акцизна стока за која е избегнато плаќање на давачки од вкупно 970.000 денари, известува Царинската управа.

Во првиот случај, запленети се пури од марката „Cohiba“ и „Trinidad“ коишто беа откриени при контрола на автобус во сопственост на бугарска компанија кој сообраќал на редовна линија Софија – Скопје – Софија, на влез во државава на граничниот премин Деве Баир. Пурите се пронајдени во мал фрижидер каде биле скриени во две црни најлонски ќеси.

Во вториот случај, станува збор за истрага спроведена на неколку локации во Скопје, при што се запленети 220 килограми режан тутун спремен за пушење, без акцизни маркички, односно за истиот не биле платени акцизните давачки.

До надлежните Основни јавни обвинителства, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, се додава во соопштението на Царинската управа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен шверц на змии на „Богородица“

А1он

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити