Цариниците привремено задржале златен накит и 9.500 фалсификат делови за моторцикли

Од:

Царинските службеници во изминатите два дена привремено задржале 46 парчиња златен накит и 9.500 делови за моторцикли со лого на заштитената трговска марка ТОМОС.

На граничниот премин Богородица, вчера при контрола на возило со македонски регистарски ознаки и личен претрес на возачот, македонски државјанин, биле откриени 46 парчиња златен накит (синџирчиња, прстени, приврзоци, обетки и нараквици), со вкупна тежина од 131 грам и вредност од околу 185 илјади денари. Непријавената стока била сокриена во две кесиња, завиткани во хартија и сместени во рачна ташна, како и во чорапите и џебовите од јакната на возачот.

nakit-zlaten-carina

Против возачот, Царинската управа ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка до Комисијата за одлучување по прекршоци.

Еден ден претходно, на 11 март, на царинската испостава Гевгелија, фирма увозник од Прилеп пријавила за увозно царинење 9.500 делови за моторцикли (сајли, цилиндри, филтри за гориво, светилки и друго) со потекло од Кина, со вкупна вредност од околу 300 илјади денари. При извршената царинска контрола, царинските службеници утврдиле дека целата стока носи ознаки – лого на трговската марка ТОМОС, и поради сомневање дека станува збор за фалсификати на заштитена трговска марка, стоката била привремено задржана.

del-motor1

Пазарната вредност на сомнителната стока се проценува на околу 750 илјади денари, доколку би се продавала како оригинал. Согласно законот за заштита на права од интелектуална сопственост, Царинската управа ќе започне постапка за утврдување на оригиналноста на стоката, соопшти Царинската управа.

Би можело да ве интересира

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он