Царината заплени моторцикл, сребро, обувки, текстил, фалсификати…

Од:

Минатата недела и викендот, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани сребро, опрема за проверка на злато, мотоцикл, женски обувки, неонки, лепило за автостакла, фалсификати, текстил и друга стока.

Како што информираат од Царинската Управа, задржана е следната стока:

Сребро и опрема за проверка на злато

192, 6грама сребро, откриени на граничниот премин Блаце при контрола на автобус со косовски регистерски таблички што сообраќал на релација Скопје – Приштина. За контрола бил селектиран косовски државјанин, патник во автобусот, при што во торбата за преносен компјутер, во кутија за накит се пронајдени сребрени пари, оштетени алки, оштетени обетки и ланчиња, како и други искршени парчиња од сребрен накит.

Исто така, во мала лична торба пронајдена е и комплетна опрема за проверка на злато и тоа прецизна дигитална вага, киселина, плочка за гребење, четкичка, пенкало за гравирање на метал и лупа.

Стоката е привремено одземена а против лицето е поведена прекршочна постапка.

Фалсификати, текстил и друго

При детална контрола на автобус со македонски регистарски таблички, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан пронајдена е непријавената стока, за која еден од патниците, македонски државјанин, изјавил дека е во негова сопственост. Пронајдени се 69 пара влечки, 28 пешкири и 9 пара кратки панталони со ознаки на заштитени трговски марки, под сомнение дека се фалсификат како и 82 парчиња текстилни производи, влечки, детски реквизити за вода и др.

Мотоцикл

Мотоцикл марка Yamaha, откриен од страна на мобилните царински тимови на царинската испостава Тетово при контрола на камион со црногорски регистарски таблички, кој превезувал хром магнезит од Србија за увозник во Гостивар. Моторциклот е пронајден во камионот помеѓу стоката, а возачот изјавил дека самиот го ставил во возилото.

Обувки и неонкски светилки

92 пара женски обувки и 25 неонски светилки Мaxled, откриени при контрола на автомобил со полски регистарски таблички, управуван од полски државјанин, придружуван од неколку сопатници, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената стока е пронајдена во три картонски кутии во просторот за багаж, помеѓу патните торби и личните предмети на патниците.


Лепило

42 кг полиуретанско лепило за автостакла, откриени при контрола на камион со македонски регистарски ознаки натоварен со автостакла на граничниот премин Ново Село. Возилото го управувал македонски државјанин, а стоката била наменета за македонски увозник. Непријавената стока била пронајдена во просторот под седиштата и зад потпирачот од возачкото седиште, во кабината на возилото.

Би можело да ве интересира

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Царината заплени возило кое пренесувало дрога

Богоев: Преку ефективни реформски политики до поголеми инвестиции и производство со поголема додадена вредност

Горан Наумовски

Мобилен тим на Царинската управа спречи шверц на 3.590 таблети „трамадол“

Горан Наумовски