А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Царината заплени девизи, облека, техничка стока и фалсификати

by А1он03/09/2018 - 15:29156
Share0

Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, облека, боја за ќунци, пластични штипки, контролери и грејачи за соларни бојлери и фалсификати.

Следете a1on на Instagram Instagram

Задржана е следната стока:

Хероин

Мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи, и по наредба од Основниот Суд во Прилеп, извршиле претрес во дом на македонски државјанин од Прилеп, со помош на царинско куче, при што покрај оградата на дворот, под пласт густа трева и трња, била пронајдена алуминиумска опаковка со бела прашкаста материја. По извршеното тестирање во полициската станица во Прилеп било утврдено дека се работи за наркотичка дрога хероин со маса од 50 грама. Случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

Следете a1on на Youtube YouTube

Девизи

– 5.000 евра, откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при контрола на српски државјанин кој допатувал со лет од Цирих. Во рачна ташна на патникот биле пронајдени 15.000 евра, од кои согласно законските прописи му биле вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата. За сторениот девизен прекршок против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Облека и други производи

– 8.292 парчиња разна стока (чорапи, тренерки, блузи, пластични штипки, боја за ќунци и безжични преносливи приемници), откриени во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени во багажникот, на задното седиште и под предните седишта на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 188 парчиња облека (палта, блузи, панталони, фармерки, јакни и фустани) откриени во два одвоени случаи, при контрола на два македонски автомобили, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица..

Во првиот случај, во неколку торби и кеси сместени во багажникот, на задното седиште и под предните седишта на возилото, биле пронајдени 126 парчиња детска облека (фармерки, јакни, фустани и комплети јакни со фармерки), сопственост на македонска државјанка која патувала со автомобилот.

Во вториот случај, во две патнички торби и неколку ќеси сместени помеѓу седиштата на возилото, биле пронајдени 62 парчиња женска облека (палта, блузи, панталони и фармерки). Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против прекршителите ќе бидат поведени соодветни постапки.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 93 контролери за соларни бојлери со ознаки на заштитена трговска марка, откриени од страна на мобилните царински тимови во соработка со инспектори од Одделението за истраги, при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Куманово, увозно оцаринета во царинската испостава Куманово. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Покрај тоа, биле откриени и вишок 40 грејачи и 7 контролери за соларни бојлери кои не биле опфатени со царинските документи. Непријавените производи се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

carina

Би можело да ве интересира

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он25/09/2026 - 18:00

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он22/09/2026 - 16:17

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он14/09/2026 - 18:03

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 16:38

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

Горан Наумовски11/09/2026 - 12:14

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он10/09/2026 - 17:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео