Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

Од:

Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Македонија има највисока стапка на инциденца на западнонилска треска во Европа, рече советничката од СДСМ во Советот на Град Скопје, Катерина Цаневска.

Таа посочи дека бројот на заболени и починати во последните месеци е особено загрижувачки, имајќи предвид дека во изминатите 15 години бројките биле пониски.

„За справување со опасноста која ги плаши скопјани, справувањето со западнонилската треска – чиста единица. А единица имаме и на европско ниво според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, имаме највисока стапка на инциденца на западнонилска во Европа. Сите изминати 15 години имаме помалку заболени и починати, отколку последниве месеци. Кој ја менаџира кризата тука во Скопје?“, праша Цаневска.

Таа посочи дека граѓаните не ги интересираат политичките препукувања, туку сакаат да знаат зошто системот не реагирал навреме и дали преземените мерки биле соодветни и ефикасни.

„Граѓаните не ги интересираат политичките препукувања, туку зошто системот не реагираше навреме. Не да се фалите колкупати сте прскале и дека пожртвувано, вака стоеше во ПР објавата, ‘додека скопјани спијат, вработените се на работа и прскаат против комарци’, туку со што и дали средството беше соодветно и ефикасно. Од базени и канализации, до застоена вода и вазни на гробиштата, гаврани и кокошки, но одговорноста никако да се најде. Граѓаните не бараат изговори. Бараат навремена реакција, јасни информации и одговорност“, порача советничката од СДСМ.

Цаневска го праша градоначалникот на Скопје, Орце Георгиевски, и како е можно епидемија на западнонилска треска да биде прогласена во пет од десетте скопски општини, додека во останатите пет тоа не е случај.

„И она што не ни е јасно, како е можно во 5 од 10 скопски општини да биде прогласена епидемија на западнонилска треска, а во другите пет? Им забранивте на комарците да дојдат без соодветна лична карта во други општини? И еве има и во Центар заболени, сигурно и на други места и многу повеќе од пријавените“, рече Цаневска.

Таа нагласи дека со поставувањето на овие прашања не се шири паника, туку се бараат стручни одговори за преземените мерки, препаратите и препораките врз основа на кои градот постапувал.

„И не, не ширам паника, напротив, прашувам какво стручно мислење користеше градот за утврдување на препаратот, какви мислења и препораки има. Кој задоцнил? Кој донел погрешна одлука? Кој ја контролирал реализацијата? Кој потпишал дека мерките се успешно спроведени?“, праша Цаневска.

Таа апелираше справувањето со западнонилската треска да не биде предмет на политички ПР, туку да се води како здравствено и стручно прашање, со приоритет на здравјето на граѓаните.

„Апелираме ова не смее да биде ПР стратегија, туку здравствена и стручна. Покажете дека здравјето ви е поважно од некакви зделки и промовирање. Барам прецизен одговор: што е направено навреме, што е пропуштено и кој ќе понесе одговорност?“, порача Цаневска.

Би можело да ве интересира

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

Горан Наумовски

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Четири смртни случаи, 36 потврдени и две веројатни случаи на западнонилска треска во државата

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

Уште еден починат од западнонилска треска на Инфективната клиника, хоспитализирани 20 пациенти од кои пет со потешка клиничка слика

Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје, еден починат од вирусот

Катерина Ѓуровски