Буралиева се предомисли: Се откажувам од пратеничкиот мандат

Од:

Љубица Буралиева повторно се предомисли. На својот ФБ профил ја напиша својата најнова одлука, и веднаш повторно го деактивираше профилот. Еве што пишува:

„Се откажувам од „довербата“ на оние што ми ја „дадоа“… од себеси и од мојата идеологија, од искрената заложба за вистинска слобода, ни досега, ниту отсега, не се откажувам. За ничии, ама баш за ничии интереси не одработувам. Секој со свое совест нека гази на земјава. На искрените пријатели им се извинувам што несакајќи беа дел од оваа згрешена приказна. Признавам, за вака „високи“ цели не сум употреблива, им оставам простор на „надпросечните“ за кои постојано се прашував како тоа опстојуваат. Пукате и плукате во грешна цел.

Ова го соопштувам овде зашто, како и до сега, немам друго место да го споделам својот став, својата мисла“.

Буралиева беше подложена врз остра осуда и негодување по изнесениот став дека ја повлекува оставката и нема да дозволи нејзиното место да го завземе некој лажен опозиционер. Буралиева е догогодишен новинар на МТВ, и на парламентарните избори беше на високото 4-то место во втората изборна единица.

По овој потег на Буралиева, Солза Грчева и Роза Топузова Каревска, според најавите ќе седнат во собраниските фотелји, не почитувајќи ги ставовите на нивните партии за бојкот, формирање техничка влада и фер избори.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада