„Булгариан Ер“ заинтересирана за воведување редовни авио линии Скопје-Софија

Од:

Компанијата „Булгариан Eр“ е заинтересирана за воведување редовен авионски превоз Скопје-Софија. Како што беше речено на работната средба во Македонско-бугарската стопанска комора, се подготвуваат анализи за исплатливоста на летовите.

– Многу сме заинтересирани за влегување на македонскиот пазар со воведување авиолинии што ќе овозможат директно поврзување на Македонија преку Аеродромот во Софија, со европските и светскиte метрополи, вклучувајќи го Апенинскиот полуостров (Шпанија и Португалија). Моментно подготвуваме анализа за исплатливоста од воведување на овие линии, рече Марија Стојанова, комерцијален директор на бугарската авио-компанија.

На разговорите во Комората учествуваа и претставници на македонското Министерството за транспорт и врски, воздухопловните власти и компанијата ТАВ.

Неколку водечки туристички агенции од Скопје и Охрид искажаа интерес за воведување чартер летови кон Црноморското крајбрежје, со стимулативна политика за поттикнување и проширување на туристичката размена.

Македонско-Бугарската комора наскоро ќе иницира заеднички проекти, финасирани од фондовите на ЕУ, за развој на пограничниот селски и еко-туризам.

Би можело да ве интересира

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје

Тепачка во Аеродром: Бабата со тврд предмет го нападнала зетот