Булеварот „Теодосиј Гологанов“ отворен за сообраќај

Од:

Булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од денеска и официјално ќе биде отворен за сообраќај.

На оваа делница, булеварот се проширува од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со улицата Братфордска и булеварот „8.Септември“, во вкупна должина од 1.100 метри.

По проширувањето, булеварот ќе добие 4 коловозни ленти, а од двете страни на новата сообраќајница ќе има тротоари со ширина од по 3,5 метри.

Проширувањето на овој коловоз се искористи за да се изгради атмосферска канализација, а ќе се изврши и реконструкција на постојната фекална канализација.

Паралелно со проширувањето на вториот дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, ќе се уреди и паркот со површина од 30.000 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош