Булеварите и улиците во Скопје проодни, фрлени 20 тони сол

Од:

Сите булевари и магистрални улици, кои се во надлежност на Градот Скопје се проодни. Ноќеска се фрлени 20 тони сол.

– Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатава вечер и утринава, по почетокот на врнежите на снег, почнаа со активностите за расчистување на снегот од градските булевари и улици, како и од тротоарите. На булеварите и магистралните улици, фрлени се 20 тони сол, соопшти Град Скопје.

Екипите на зимската служба, како што е наведено, интервенирале на подвозниците и останатите критични точки, а на повисоките места во Скопје снегот се чистел со механизација со плуг.

Зимската служба ги следи состојбите на терен и ќе интервенира согласно потребите. Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на приодите до нивните објекти.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје