Букви во Градски парк: Сахара за мир

Од:

Единаесет букви и една четворка ги испишаа зборовите Sahara 4 Peace или Сахара за мир. Текст е поставен на плочникот пред Школка во Градскиот парк и тука ќе остане 10 дена, со што и официјално започнува одбројувањето до почетокот на Сахара балканскиот мировен фестивал.

Денеска беа поделени 3000 бели балони со што се повикуваат и граѓаните да се придружат кон оваа идеја.

Сахара балканскиот мировен фестивал официјално ќе започне точно полноќ на први октомври со перфоманс на Камен мост. Во текот на деноноќието во градот ќе се случуваат бројни активности. Некои од содржините ќе се одржат и во градовите од соседните држави со што на симболичен начин се кажува дека Сахара балканскиот мировен фестивал секоја година ќе се сели во друг град.

На први октомври во Скопје се очекува да пристигнат педесетина гости, светски лидери, поранешни претседатели, премиери, министри, амбасадори, холивудски ѕвезди, претставници од балканските земји, сите ќе бидат дел од гостите на Сахара балканскиот мировен фестивал. Овој датум е избран како роденден на Махатма Ганди и прославуван од Обединетите Нации како Меѓународен ден против насилството.

Организацијата на фестивалот е спонзорирана од Сахара групацијата, под покровителство на Владата на Република Македонија.

Во наредните неколку денови, ќе биде објавена официјалната програма на Фестивалот заедно со листата на официјални гости.

Би можело да ве интересира

Прашината од песок од Сахара која падна во Франција, содржи радиоактивен елемент цезиум 137

Ана Ололовска

Алжир ја отфрли одлуката на Трамп, кој призна суверенитет на Мароко над Западна Сахара

Ана Ололовска

Куче херојски истрча 160 километри преку Сахара

Трамп предложил изградба на ѕид во Сахара за да се спречи илегалната миграција во Европа

Наум Локоски

ФОТО: Снег падна во пустината Сахара втора година по ред

Ана Ололовска

По 37 години падна снег во Сахара

Ана Ололовска