Бујар Османи во работна посета на Република Србија

Од:

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Србија, каде ќе оствари средби со Министерот за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ, со Претседателот на Одборот за европски прашања во Парламентот на Република Србија, Ненад Чанак како и со координаторот на Националниот Конвент за ЕУ на Република Србија, Наташа Драгојловиќ.

На средбата ќе бидат отворени темите за напредокот на односите меѓу двете земји, потенцијалите во рамките на регионалната соработка, како и европските перспективи на регионот во контекст на претстојните значајни настани како што се: Стратегија за проширување, Извештаите на Европската Комисија за земјите од регионот, Самитот за проширување во Софија итн.

Посетата на Белград е дел од мини балканската турнеја која Вицепремиерот Османи ја започна на почетокот на месецов со посетите на Атина и Тирана, а по посетата на Белград ќе продолжи и со посета на Софија.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија