Бујар Османи во работна посета на Република Албанија

Од:

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес ќе престојува во еднодневна работна посета на Тирана, каде ќе оствари средби со државниот врв на Република Албанија.

Во рамки на посетата Вицепремиерот Османи ќе оствари одвоени средби со Претседателот на Р. Албанија, Илир Мета, Претседателот на Парламентот на Р. Албанија, Грамоз Ручи, Министерот за Европа и надворешни работи на Р. Албанија, Дитмир Бушати како и со претседателот на Демократската партија на Р. Албанија, Љуљзим Баша.

На средбите ќе се разговара за билатералната соработка, регионалната соработка, проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан како и за унапредување на меѓусебните односи на Република Македонија и Република Албанија.

Посетата на Тирана е дел од мини балканската турнеја која Вицепремиерот Османи ја започна со посетата на Атина на почетокот на месецов и ќе продолжи со посета на Белград, а потоа и на Софија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните