Бугарската блокада извесна, Берлин не се откажува од решение

Од:

Висок дипломат од земја членка на ЕУ на брифинг со новинарите утрово порача дека од изјавите на бугарската министерска за надворешни работи Екатерина Захариева извесно е дека не може да се очекува Софија да се откаже од блокадата на стартот на преговорите на земјава со Унијата на утрешниот министерски состанок, но дека дипломатските напори продолжуваат.

– Сѐ уште веруваме дека има шанси да се усогласи преговарачката рамка, вели висок дипломат од земја членка на ЕУ, ова е пораката од Брисел ден пред министерскиот состанок на кој се очекуваше Северна Македонија да добие конечно датум за отпочнување на преговорите за членство со ЕУ и прва меѓувладина конференција.

Германското претседателство „продолжува да работи“ и со Скопје и со Софија за изнаоѓање компромис, велат од Брисел, а се вложува надеж и во денешната посета на премиерот Заев на Берлин каде „ќе оствари контакти“, додаваат дипломатите без повеќе детали.

Бугарската блокада која се однесува на строго билатерално прашање е последната пречка која стои пред ЕУ патот на Северна Македонија, но која очигледно засега е непремостлива.

– Пред една година имавме криза со проширувањето, решивме да ја ревидираме методологијата за пристапните преговори и тука има согласност, она што останува е билатералното прашање, Бугарија се појави со овој историски багаж и бара патоказ во пристапните преговори за справување со тој историски багаж, бараат да се вклучи во преговарачката рамка, објаснува високиот дипломатски извор.

ЕУ и германското претседателство се запознаени со последните изјави на бугарската министерка за надворешни работи и за нив е јасно дека таа утре нема намера да попушти, така што дискусијата за проширувањето ќе биде на дневен ред само како „информативна точка“ и не треба да се очекува никаква одлука.

Од Советот на ЕУ потсетуваат дека билатералните прашања се држат одвоени од процесот за зачленување и додаваат дека тој не е „алатка за извршување на билатералните спогодби“.

Дипломатите нотираат дека ниту од македонска страна засега нема зелено светло, имајќи предвид дека преговарачката рамка треба да биде одобрена од земјите членки, но и од државата кандидат на која и е наменета.

Утре на дневен ред е и преговарачката рамка со Албанија, за која според дипломатите нема крупни проблеми. За сега не се разгледува опцијата да бидат издвоени Скопје и Тирана во процесот, поради тоа што ЕУ верува дека ќе успее да се надминат разликите со Бугарија, но опцијата не се ни исклучува експлицитно.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија