Бугарка крадела паричници низ Скопје

Од:

24-годишна Бугарка е приведена денеска откако била фатена како краде паричник од жена. Кај неа бил пронајден паричникот на уште една скопјанка.

-Денеска (05.09.2023) во 12.00 часот на автобуска постојка на бул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода Ц.Б.(24) од Република Бугарија. Таа била фатена при извршување кражба, при што од чанта на женско лице одзела паричник. Кај неа, освен тој паричник, бил пронајден уште еден паричник со лични документи и пари на женско лице од Скопје. Ц.Б. била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар