Бугарските администратори на сајтот на Википедија веднаш ја објавија промената во општествениот статус на писателот на првиот македонски роман „Село зад седумте јасени“ – академик Славко Јаневски.
Во биографијата на академикот е додадено дека Славко Јаневски бил соработник на југословенските тајни служби. Промената е побрза дури и од македонските администратори на најголемата интернет енциклопедија.
Промената на бугарското издание е извршена во сабота во 17.20 часот кога е додадена информацијата за Јаневски по петочното откритие на македонската комисија за верификација на факти.
На македонската, украинската, српската, француската, англиската и германската страница на Википедиа нема промени во биографските податоци за големиот македонски книжевник Славко Јаневски. Затоа пак бугарската страница е ажурирана.
На одлуката на Комисијата за лустрација вчера реагираше и МАНУ од каде велат дека одлуката е удар врз правната држава и самосвеста на македонскиот народ.