Бугарите од Македонија до Вархеи: Очекуваме дијалог меѓу нас и властите во Скопје

Од:

„Повеќе од две години се обидуваме да водиме дијалог со властите во Република Северна Македонија, но безуспешно. На комесарот Оливер Вархеи му кажавме дека сме тука затоа што нема дијалог меѓу претставниците на властите во РСМ и Бугарската заедница во земјата. Иднината на РСМ е во ЕУ, но тоа не може да биде на сметка на Бугарите кои живеат во земјата“. Ова на новинарот на БГНЕС го изјавија Петар Колев, Георги Трендафилов и Љубчо Георгиевски кои денеска се сретнаа со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи.

„Парламентот во РСМ наместо да работи на измени за вклучување на Бугарите во Уставот со цел побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ, донесува законска регулатива со цел затворање на клубовите на локалните Бугари во РСМ. Очекуваме во следниот ИК извештај за напредокот на РСМ да ги вклучи прашањата за кои разговаравме на оваа средба“, велат тројцата.

Средбата ја побараа бугарските организации во Македонија на 2 декември, откако еврокомесарот во ноември во ексклузивно интервју за Милена Милотинова вети дека ќе ги прифати доколку му се обратат.

Би можело да ве интересира

Наследниците на писателот Талев: Бугарија да ја спаси куќата во Прилеп од која не избрка Сашо Мијалков

Орце Костов

Бугарско МНР: Македонија еднострано ги толкува историските настани, името на Иван Михајлов не е закана

Орце Костов

Бугарија: Украдениот монитор од Културниот центар во Скопје е напад на бугарската држава

Орце Костов

Ангелов: Да се префрла несразмена вина на Бугарија за депортацијата на Евреите е несериозно

Ана Ололовска

Фрчкоски: Важно е што во извештаите на ОН постои македонско малцинство во Бугарија

Ана Ололовска

Гир: Потребни се напори и од Скопје и од Софија за развивање на добрососедските односи

Горан Наумовски