Бугарија го кани Османи на состанок во Банско, нема да оди за да се фокусира на процесот во Собранието

Од:

Бугарското Министерството за надворешни работи вчера испратило покана до македонскиот министер за надворешни Бујар Османи за одржување на годишниот состанок на мешовитата меѓувладина комисија, според Членот 12 од договорот за добрососедство.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја добил поканата од бугарското МНР за одржување на годишниот состанок на мешовитата меѓувладина комисија, но нема да присуствува.

Од македонското МНР информираа дека Османи во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието.

Во соопштението на Министерството се наведува дека експертите од двете министерства ќе продолжат со работа, а Софија е известена дека дека доколку се појави потреба, министерот Османи и министерката Генчовска ќе одржат онлајн средба.

Би можело да ве интересира

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Османи: Законот за правична застапеност не треба да помине

А1он

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија