Буџетот на општина Гевгелија во 2018 година ќе изнесува 965.526.560 денари, одлучија општинските советници на синоќешната седница.
Приходите на основниот буџет изнесуваат 610 милиони денари, од дотации се планираат 216,5 милиони денари, од донации 44,3 од самофинансирачки активности 15,9 милиони денари и од кредитни приходи 78,4 милиони денари.
Капиталните расходи ќе изнесуваат околу 60 отсто во вкупниот буџет, односно 68,5 отсто од основниот буџет со што ќе се задржи неговата развојна компонента.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков објасни дека три работи му даваат за право да биде оптимист во извршувањето на буџетот.