Бучковски: Време е државата да се обедини

Од:

Претседателот на Главниот одбор на Алијанса за Позитивна Македонија, Владо Бучковски, потпретседателот Рубин Земон и носителот на изборната единица 5, Игор Камбовски вчера се сретнаа со граѓаните на Охрид.

-На Македонија и е доста од овој бипартизам. Време е државата да се обедини и да започнат да се почитуваат меѓусебно позицијата и опозицијата за доброто на граѓаните. Ние немаме програма од 2046 проекти. Нашата програма е убедливо најдобра, а таа има 3 чекори, да отвориме нови 100.000 работни места во реален сектор во период од четири години, да го развиеме земјоделството и да отвориме државна компанија за извоз. Овие мерки се проверени и функционираат насекаде околу нас, а ние заостануваме-изјави Бучковски.

Тој нагласи дека Коалицијата за Позитивна Македонија ќе биде вистинско изненадување на овие избори.

-Време е Македонија да ја водат прогресивни сили, кои ќе се борат за доброто на просечниот граѓанин, а не за индивидуални цели. На државата и е доста од нови почетоци, туку и треба континуитет-нагласи претседателот на Главниот одбор на АПМ.

Пред охриѓани се обрати и потпретседателот на Главниот одбор на АПМ, Рубин Земон, кој наведе дека нивната коалиција ја сочинуваат членови од 17 различни етнички заедници и дека само заедно и обединето може да се придонесе за просперитетна и позитивна Македонија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада