Бројни полициски сили денеска се распоредени на паркинг просторот кај споменикот на Скендер Бег во Скопје, кои ќе го обезбедуваат овој простор додека минуваат протестантите кои девет дена протестираат против францускиот предлог. Оваа реакција на МВР уследи откако минатата недела токму на оваа локација имаше инцидент, а беше употребено и огнено оружје, но за среќа немаше повредени.
На социјалните мрежи се споделуваше пост со слика на кој пишуваше „Тука сме, не ви се плашиме“. Од попладнево имаше исто така апел да се отстранат возилата од паркингот спроти ТЦ „Мавровка“.