По покана од Групата на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) во Европскиот Парламент, претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски и претседателот на Комисијата за надворешна политика и интеграции на ЛП, Љупчо Арсовски денес и утре учествуваат на Округлата маса за Западен Балкан на високо ниво што се одржува во Европскиот Парламент.
– Верувам дека настанот, на кој учествуваат високи претставници на либералните партии, граѓански активисти од регионот и евро-пратеници од АЛДЕ, ќе биде добра можност за размена на погледи и барање решенија од европските либерали и демократи за многу горливи прашања во регионот, вклучително и политичката криза во нашата земја – истакнува Арсовски.
Љупчо Арсовски, член на Централниот комитет на ЛП, по реорганизацијата на партиските комисии е реизбран за претседател на Комисијата за надворешна политика и интеграции на ЛП на 22 седница на Извршниот комитет одржан минатата сабота.