Брисел на Груевски му порача да го реши проблемот со името до мај

Од:

Пораките од Брисел после вчерашната сесија се јасни-Брисел едногласно ,недвосмислено упати порака до Груевски и Теута Арифи дека спорот околу името со Грција треба да биде решен две недели пред сесијата на Советот на Европа во јуни.

Добивме два тешки нокаута оваа недела. Освен овој, до петок следи и извештајот на Венецијанската комисија и доколку не се имплементираат заклучоците следи многу лош извештај од ЕУ во 2013 година, велат експертите кои ги консултира А1он.

Позицијата е повеќе од јасна-Брисел нема да даде датум за преговори без решени проблеми со соседите и без промена на името.

Експретите и аналитичарите се едногласни-доколку проблемите Груевски и неговата влада не ги решат Европската Агенда на Македонија ќе биде одложена или замрзната до некаква друга влада која ќе поголем државотворен сенс.

Во воздух виси и најавата за воведување на визен режим за земјите кои не ги отпочнале преговорите за членство од септември идната година.

Владата доживеа голем дипломатски пораз, по неколкумесечните уверувања дека Македонија ќе добие датум. Она што се очекува владеачката партија како по обичај, овие денови да ги отвори повторно темите за патриоти и предавници што на некој начин ќе биде погубно за настаните кои се очекуваат во текот на следната година.

Би можело да ве интересира

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он