Братот на претседателката на Кривичен останува во куќен протвор, Судот ги одби жалбите на Обвинителството

Од:

Кривичниот совет при Основниот суд во Кочани донесе конечна одлука во врска со мерките за безбедност за двајцата осомничени во најновата истрага поврзана со пропустите околу дискотеката „Пулс“.

Судот ги одби жалбите на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани, со што потврди дека осомничените нема да одат во ефективен затворски притвор, туку остануваат во домашен притвор.

Оваа одлука доаѓа откако Обвинителството, незадоволно од првичната одлука на судијата на претходна постапка, побара построги мерки, сметајќи дека куќниот притвор не е доволен за обезбедување на присуството на осомничените.

Судот ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка Во официјалното соопштение на Основниот суд Кочани се наведува дека Советот, постапувајќи по изјавените жалби од страна на ОЈО Кочани, одлучил да ги потврди првичните решенија.

„Советот ги одби изјавените жалби на ОЈО Кочани против решенијата на Судија на претходна постапка со кои спрема двајца осомничени им беше определена мерка за обезбедување присуство – Куќен притвор, и донесените решенија на Судијата на претходна постапка ги потврди“, информираат од Судот.

Иако во соопштението се наведени само како „двајца осомничени“, контекстот на настаните упатува на тоа дека станува збор за даночните инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), Драган Паунов и Дуле Димитриев.

Тие се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба преку примање поткуп и давање информации (дојави) на сопствениците на дискотеката „Пулс“ за претстојни контроли, со што овозможиле избегнување на законските обврски и даночно затајување. Обвинителството бараше затвор,

Судот смета дека домот е доволна гаранција Обвинителството инсистираше на ефективен притвор поради сериозноста на делата и можноста за влијание врз сведоци или повторување на делото. Сепак, Судечкиот совет процени дека мерката куќен притвор е доволна гаранција дека обвинетите ќе бидат достапни за органите на прогонот во текот на понатамошната истражна постапка.

Со ова решение, правната битка околу мерките за претпазливост за оваа фаза е завршена, а истрагата продолжува додека осомничените се наоѓаат во своите домови под надзор.

Би можело да ве интересира

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Левица: Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Марковски: Инспекторите можеле и морале да ја затворат „Пулс“ поради незаконските зафати

Горан Наумовски

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани