(ВИДЕО) Бранителот Митевски: Ќе се запалам пред МВР ако Јанкулоска не ја повлече тужбата

Од:

Воениот инвалид, Митко Митевски, денеска пред Министерството за внатрешни работи се закани дека ќе се самозапали ако треба да ја враќа отштетата што ја земал од државата како повреден во падот на хелихоптер на 17. март 2001 година на Попова Шапка.

МВР бара од него на државата да и врати 500.000 денари по основ на противправно богатење со законска камата. Митевски вели дека не ја донел тој одлуката на судот за да биде обвинет дека противправно се богател.

– Дали оваа држава е за некого мајка, а за некого маќеа. Затоа што на други колеги им ги сопреа тие тужби. Имаше колеги кои добија поголема оштета , за нив МВР не се жалеше воопшто. Ако треба да ја враќам, ќе дојдам тука, ќе се запалам и готово, нема пари да земат од мене – изјави тој.

Министерката, Гордана Јанкулоска, рече тој, сама треба да биде свесна што треба да направи и дека што и да и порача е излишно.

Тој објаснува дека по несреќата настраданите покренале судски спор со кој барале надомест на штета. Спорот го добиле на првостепен и второстепен суд, но Министерството се жалело на Врховен. Предметот бил вратен на првостепен и било одлучено оштетените да вратат 10.000 денари. Одлуката во меѓувреме е променета така што на Митевски и неговиот колега сега им се наложува да исплатат сума од 500.000 денари. Тој посочува дека овие спорови се водат иако во 2009 година Владата донела одлука да се стопираат сите предмети против бранителите.

Митевски е пензионер со 30 години стаж во полицијата. Вели дека нема начин како да ги врати парите.

 

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он