Божиновски: СДС и ДУИ два мандати не го завршија автопатот Кичево-Охрид

Од:

Заедно со народот ќе ги поразиме за да заврши агонијата со автопатот. Во Македонија со неспособната и неодговорна власт на СДС и ДУИ владее целосен хаос и народот е сосема во право кога вели дека немаме држава. Главните виновници за агонијата со неградењето на автопатот Кичево-Охрид не само што предизвикаа удар врз туризмот и економијата, туку и создадоа смеа и подбив. Никогаш помалку и побавно не се градело и никогаш не се градело вака неквалитетно и неплански, изјави Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

– Главна одлика им е нефункционалноста и се експерти за анекси на договори за зголемување на цената од 374 милиони до над 600 милиони евра и за пролонгирање, самите си ги задаваа роковите, самите тие ги пробиваа. Потрошија два мандата и не можеа да го довршат, не реализираа ниту 20 % дополнителна градба, а за жал продолжуваат да се губат човечки животи.

Дали како предавничка власт ги казнувате Охриѓани затоа што доживеавте катастрофален пораз на локалните избори и за тоталното фијаско кое ви следува? Кажете што ветивте и што реализиравте како проект за бенефит на Охриѓани? По изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прекинеме агонијата на автопатот и се обврзуваме со силно темпо и ангажираност до крајот на 2026 година да биде пуштен во употреба. Охриѓани веќе јасно се одлучни за промени и на централната власт.

Затоа важно е да ги поразиме токму заедно со народот! Да ги поразиме затоа што Македонија заслужува подобро! Никогаш не било полошо, важно е да се промени власта и да си ја вратиме државата, вели Божиновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми