Божиновска тврди дека има само македонско и чешко државјанство и нема важечки бугарски документи

Од:

Министерката за енергетка Сања Божиновска тврди дека поседува само македонско и чешко државјанство и дека во моментот нема важечка бугарска патна исправа и документ за идентификација. Во соопштението испратено од Министерството за енергетика се наведува дека Божиновска на 14 септември минатата година побарала отпуст од бугарското државјанство.

– За жал, одредени актери од Бугарија, на кои не им е во интерес градењето на добрососедски односи помеѓу Македонија и Бугарија со цел надминување на пречките за нашето членство во Европската Унија, наместо култура на дијалог, ја злоупотребуваат ситуацијата. Државјанството кое го поседувала во минатото е земено од економски причини како што тоа го направиле многу македонски граѓани, а не како што некои актери сега сакаат да ја извртат вистината дека станува збор за национални причини, се наведува во соопштението испратено до МИА.

Бугарски БГНЕС објави дека во октомври 2004 година Божиновска своерачно потпишала дека има бугарско потекло при апликацијата за бугарско државјанство. Бугарската агенција објави и документ за кој тврди дека е декларација потпишана од Божиновска.

Ова беше тема и на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања на кои премиерот Христијан Мицкоски рече дека Божиновска е поголема Македонка од сите.

– Да биде Сања Божиновска дел од македонската влада е привилегија. Нејзините резултати во енергетиката се нешто кое може да го сонувате. Зборуваме за работи за кои јавноста не ја интересираат. За неа знае бизнис кремот од Украина до Шпанија и од Скандинавија до Атина. Измислуваме приказни кои немаат никаква врска ни со енергетиката, ни со минералните суровини. Тоа е исто како да зборуваме сега за тоа што вие дававте пасоши на белосветски криминалци. Сања Божиновска е многу поголема Македонка од вас сите заедно, рече Мицкоски одговарајќи му на Оливер Спасовски од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Божиновска: Ги поддржуваме иницијативите за зелени енергетски коридори и енергетско складирање

А1он

Божиновска за цената на струјата: Ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови

А1он

Божиновска: Набавката на јаглен сега ќе биде транспарентна

Во редици, со часови се чека за ваучерите за инвертер клими

Мицкоски до Спасовски: Божиновска е поголема Македонка од сите вас заедно

Катерина Ѓуровски

Изјавувам дека имам бугарска самосвест, напишала министерката Божиновска во 2004 објави БГНЕС

Катерина Ѓуровски