Божиновска: Стравувам дека на СДСМ може да им падне на ум да изманипулираат и верски конфликт

Од:

Изминатава 2012 беше година на сериозен тест на верскиот соживот во Македонија, вели претседателката на комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска во интервју за прес24.

Сепак според неа меѓуверскиот соживот е со­ли­ден, цврст, коректен и стабилен и гледа во иднина причини за какви би­ло меѓуверски тензии во РМ.

Присуството на радикалните религиски структури е евидентно во Македонија, но вели Божиновска засега нема опасност од радиклизација. Сепак стравува од можноста политиката да испровоцира радикализација на верските чувства.

„Секогаш ќе има искри околу радикалните структури, но опасно е како она што сега се случуваше од страна на опозициската партија СДСМ која сакаше да го преземе Собранието по пат на сила и повика на улични нереди. Стравувам дека еден ден може да им падне на ум да изманипулираат и некој верски конфликт, што би било опасно за сите“, вели Валентина Божиновска

Смета дека Комисијата која ја раководи или треба да прерасне во Министерство, што е впрочем и препорака на ревизорот, или пак да се врати во рамките на Собранието.

За ПОА вели дека повеќе не егзистира свесни се дека имаат и внатрешен раскол, уште повеќе за тоа, вели Божиновска е свесна и Српската православна црква која сега, ни ваму, ни таму, знае де­ка проектот Вранишковски не успеа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион