Божичковиќ најавува развој на мали и средни претпријатија во Кумановско

Од:

Унапредување на потребните услови за развој на мирко бизниси и формирање мултиетнички бизнис центар сo седиште во Куманово, вети кандидатот за градоначалник од Српската Напредна Странка (СНС), Предраг Божичковиќ  на денешната прес конференција.

Неговата програма се базира на унапредување на сите услови кои ќе придонесат за развој на мали и средни претпријатија.

– Мултиетничкиот  бизнис центар ќе биде лоциран во Куманово, заради одличната местоположба, бидејќи тука се вкрстуваат двата коридора. Ние ќе создадее услови и ќе понудиме програма која е достапна за сите ,пред се за младите луѓе кои имаат идеи и програми, вели Божичковиќ.

Оваа економска зона, според Божичковиќ ќе биде отворена за сите бизнисмени од земјите од регионот и ќе служи како логистичка поддршка. Програмата на кандидатот од оваа партија предвидува и поддршка и обезбедување на сите услови за мултинационалните компании кои сакаат да инвестираат во општината.

Би можело да ве интересира

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски