Босна и Херцеговина праќа помош по поплавите во Македонија

Од:

Техничка поддршка за чистење улици и домаќинства, пумпи со висок притисок за испумпување тиња и противпожарни возила ќе прати Босна и Херцеговина во Скопје, по поплавите кои пред неколку дена го зафатија главниот град на Македонија.

Се очекува во што е можен пократок период да бидат завршени сите потребни процедури за да може помошта што побрзо да стигне до оние на кои им е најпотребна во Скопје. Сараево и Скопје традиционално се поврзани со пријателски и партнерски врски, формализирани со Спогодбата за соработка потпишана во 2007 година.

„Градот Сараево не ја заборава помошта од Град Скопје кој своевремено испрати за време на поплавите во мај 2014 година шестчена екипа пожарникари со возило и потребна опрема“, вели заменикот градоначалник Абдула Скака.

Тој, во име на функционерите и граѓаните на Сараево до градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и граѓаните на Скопје, упати искрено и длабоко сожалување.

„Градот Сараево ја дели искрената тага и болката со семејствата на настраданите во катастрофалните поплави кои го зафатија Скопје по незапамтеното невреме. Нашите мисли се со граѓаните на Скопје и со народот на Македонија“, рече заменикот градоначалник Скака.

Би можело да ве интересира

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија