(ВИДЕО) Бошњаковски: Време е опозицијата да ја преземе одговорноста за пакетот реформски закони

Од:

Време е опозицијата да ја преземе одговорноста за пакетот реформски закони, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање за текот на процесот за спроведување на реформите во правосудството за кое е потребно двотретинско мнозинство во Собранието на РМ.

Додаде дека работните парламентарни групи веќе разговараат за целиот пакет закони, како и за севкупното откочување на работата на Собранието на Република Македонија.

Бошњаковски најави дека уште во текот на денов е можно состанок да одржи работното тело за спроведување на реформите во правосудниот систем, одговарајќи на прашањето дали тоа тело воопшто функционира по оставката на министерот за правда Билен Салији.

Додаде дека министерот за правда по функција е член на тоа тело и оти по оставката на Салији ќе се чека именување на нов министер кој исто така ќе биде составен дел од работното тело.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он