(ВИДЕО) Бошњаковски: Владата нема да потроши 660 илјади евра за цвеќиња, тоа е само проценка

Од:

Портпаролот на Владата на РМ, Миле Бошњаковски на денешната прес конференција по повод вчерашната седница на Владата истакна дека 660 илјади денари е само проценка за тоа колкава сума е потребна за хортикултурно уредување но не значи дека толку пари ќе бидат потребни за тоа.

-Тоа е проценка не е финална сума, не значи дека ќе се дадат толку пари за уредување. Сумата ќе се намалува со оглед на тоа дека на тендерот ќе се избере најниската понуда, рече Бошњаковски.

Тендерот за хортикултурно уредување на 133 илјади метри квадратни беше објавен пред 45 дена. Фирмата која ќе биде избрана на тендерот и наредните 3 години ќе се грижи за хортикултурно одржување на државните институции.

-Доколку сумата од 660 илјади денари се подели со квадратурата, излегува по 8,5 денари по метар квадратен, рече Бошњаковски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски