Бошњаковски: Се трудиме да ги надминиме недоследностите и грешките во однос на Законот за јазиците

Од:

Владата не работи врз принцип на казни, туку во духот на соработка, кооперација, пријателство и разбирање. Постојат недоследности и грешки во однос на Законот за јазиците кои се трудиме да ги надминиме и поправиме, порача денеска на прес-конференција владиниот портпаролот Миле Бошњаковски.

Ова го кажа на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали ќе следува казна за вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, бидејќи неодамна не сакал на новинарите да им одговори на македонски кога ја промовирал Агенцијата за спроведување на Законот.

Османи во понеделникот имаше состанок во Владата со претставници на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците и со директорот на Агенцијата за спроведување на Законот, Илбер Села при што посочи дека најголем предизвик во однос на Законот ќе биде преведувањето, бидејќи има институции со големи количини на преводи што ќе треба да се сработат на дневна основа и кои треба да бидат според највисоки стандарди.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?