Бошњаковски: Пријавете ги работодавците кои бараат да вратите дел од платата

Од:

По најавата за зголемување на минималната плата која од 1 јули ќе изнесува 13.000 денари, од Влада велат дека немаат толеранција за работодавачите кои не го почитуваат договорот за минимална плата. Ги охрабрија работниците да ги пријавуваат работодавачите кои само фиктивно ќе ја покачат минималната плата и ќе ги принудуваат работниците дел од префрлената плата на картичките, да ја вратат.

„Апелираме до сите работници кои се принудени да враќаат дел од платата да го пријават тоа. Ќе следуваат санкции за сите работодавци кои ја имаат оваа практика. Ова мора да се искорени и ние цврсто стоиме зад оваа определба“, рече портпаролот Бошњаковски.

Тој денес соопшти дека Владата е во преговори со работодавачите со цел од 1 јули минималната плата да стане 13.000 денари.

„Цврсто сме уверени дека овие преговори ќе завршат успешно и дека од први јули минималната плата во Република Северна Македонија ќе изнесува 13.000 денари. Ова значи нов стимул и за сите останати плати на сите места во цела држава со цел да се постигне еден прогрес и таа спирала да оди постојано нанапред“, рече Бошњаковски.

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

(ВИДЕО) Минималната плата се зголемува за 1.667 денари согласно законското усогласување

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Горан Наумовски

Дурмиши: Ќе има дебата за трошоците за живот и минималната плата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници