Бошњаковски: Нема политичка и популистичка интенција во преименувањето на стадионот

Од:

Преименувањето на стадионот „Филип Втори“ во национална арена „Тоше Проевски“ е направено на предлог на Владата што е усогласен со семејството Проевски, изјави денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Зад предлогот нема никаква политичка или популистичка интенција како што, за жал, очигледно се создала навика во државата, дополни Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање за одлуката за преименувањето на вчерашната владина седница.

Како што објави владиниот портпарол по седницата, Владата донела одлука за преименување на стадионот во национална арена „Тоше Проески“ во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионалната современа историја.

Во 2009 година, претходната Влада го преименува поранешниот Градски стадион во Национална аера „Филип Втори“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски