Бошњаковски: Не знам дали и на која функција е Џезаир Шакири, службите не работат за викенд

Од:

Командат Џезаир Шакири Хоџа кој во конфликтот од 2001 година беше еден од командантите на ОНА, викендов добива честитки на социјалните мрежи оти станал советник за безбедност на премеирот Зоран Заев. Во конфликтот загинаа 75 припадници на македонските безбедносни сили.

Од Влада не можат ниту да ја потврдат ниту да ја демантираат информацијата.

„Службите во Влада не работат за време на викенд и не можам да ви дадам прецизна информација. Дали и на која функција е ангажиран Џезаир Шакири Хоџа ќе соопштиме утре“, вели Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.

Хади Османи, кандидат за градоначалник на Липково од СДСМ, на „Фејсбук“ објави дека командант Хоџа заслужено станал командант на Владата, а под објавата прикачи фотографија од Џезаир Шакири како излегува од „белиот дворец“ на Владата.

„ По многу жртви за време на конфликтот во 2001 година и по многу предизвици со кои се соочил по конфликтот, Џезаир Шакири праведно заслужи награда.Командантот Хоџа сега е Командант на Владата.Слуга на народот и граѓаните на Македонија. Мојот сакан пријател конечно ја освои последната битка против диктатурата на Никола Груевски и благодарејќи на моите двајца пријатели, Зоран Заев и Џеват Исени, ја доби наградата и заслужената работа. Во оваа Влада, тие ги носат луѓето кои заслужуваат и знаат да ги вреднуваат оние што заслужуваат“ стои во објавата на Хади Османи.

Командантот Хоџа честитки има и од Џевад Исени, претседател на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Тој напиша дека е горд на командантот.

„Вие не ја предадовте крвта на мачениците, вие не го предадовте даденото ветување. Денес предавниците мора да се соочат со вас очи во очи, дури и во владините институции, Џезаир Шакири Хоџа, горди на вас“, објави Исени.

Додека владините служби се на викенд за официјална потврда, бројот на честитки за новата функција на командантот со желби да стане уште поуспешен, постојано се зголемува.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски